Попладнево Неготино го зафати силно невреме со ветер и пороен дожд што предизвика материјална штета. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека има поплавени и оштетени куќи, искорнати покриви, паднати дрвја и бандери.
„Од 16:10 до 16:30 часот, Општината Неготино ја зафати силно невреме пропратено со ветер и пороен дожд. Има пријавено повеќе штети од граѓаните, а ТППЕ – Неготино интервенира на најкритичните места кои се погодени од невремето – искорнати дрвја, паднати бандери, оштетни покриви од куќите и поплавени домови“,
соопшти ЦУК.
Градоначалникот Горан Стојанов за повеќе медиуми изјави дека најпогодено е населеното место Тимјаник каде се паднати неколку столбови за струја и дека надлежни екипи се на терен за справување со последиците. Штетите допрва ќе се тврдуваат.
Силно невреме со обилни врнежи од дожд во саботата вечерта го зафати Кавадарци. Од невремето беа поплавени подруми од куќи и повеќе улици.