Центарот за управување со кризи попладнево соопшти за последици од невремето во Велес и општина Чашка, додека на социјалните мрежи објавени се фотографии од скопската населба Козле каде лимен покрив откорнат од силниот ветер паднал и оштетил автомобили
Од Општина Центар објавија информација и фотографии за паднат лим од покрив на улица „Црвена Вода“, кој оштетил неколку возила кои биле паркирани во непосредна близина на зградата, а пристигнати се и неколку пријави за паднати дрвjа на повеќе локации во општината
Центарот за управување со кризи попладнево соопшти за последици од невремето во Велес и општина Чашка. Од ЈКП „Тополка“ се испратени екипи на терен за расчистување на местото викано Долги Рид, каде има и паднати бандери за кои се задолжени ЕВН за нивно расчистување.
На подрачјето на Велес во 16.50ч во с.Каласлари имало запалено сено и паднати бандери. Известени се СВР Велес, а од страна на ТППЕ Велес сеното ќе биде изгасено.
Iнтензивна нестабилност имаше и во Пелагонија, каде е забележана и појава на град. На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани бил региструран удар на ветер од 150 км/час.
Невремето кое попладнево го зафати Скопје направи штета во повеќе скопски населби.
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од откорнат лимен кров на улицата „Јуриј Гагарин“ во Козле кој паднал и оштетил паркирани автомобили.
Од Општина Центар објавија информација и фотографии за паднат лим од покрив на улица „Црвена Вода“, кој оштетил неколку возила кои биле паркирани во непосредна близина на зградата, а пристигнати се и неколку пријави за паднати дрвjа на повеќе локации во општината.
Од Општината ги повикуваат жителите да ги пријавуваат штетите на бројот за итни случаи 112, а од понеделник ќе се формира посебен тим од општината кој ќе излегува на терен по
временски непогоди и ќе врши увид во состојбата.
Во Карпош 1 пак, силниот ветер искрши повеќе дрвја, а од поројниот дожд се поплавени паркови и локални улици.