Топлата е собрана во близина на местото на нападот кој се случи претходно денеска, а во кој се повредени пет лица, меѓу кои и три деца. Демонстрантите запалија полициско возило и автобус и искршија излози на продавници. Тамошните медиуми јавуваат дека демонстрантите користат пиротехнички средства, а во судирот со полицијата, наводно се повредени неколку полицајци
Во центарот на Даблин вечерва избија насилни протести кои уследија откако три деца и двајца возрасни беа нападнати со нож во близина на училиште во ирската метропола. На протестот излегоа антиимигрантиски групи кои тврдат дека напаѓачот е странец, иако властите досега не го идентификуваа осомничениот.

Топлата е собрана во близина на местото на нападот кој се случи претходно денеска. Демонстрантите запалија полициско возило и автобус и искршија излози на продавници. Тамошните медиуми јавуваат дека демонстрантите користат пиротехнички средства, а во судирот со полицијата, наводно се повредени неколку полицајци.
Властите ги прекинаа автобуските и трамвајските линии во делови од Даблин и повикаа на смиреност, а ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека се распоредени дополнителни полициски сили.

Шефот на ирската полиција Дру Харис изјави дека мотивот за денешниот напад во училиштето засега не е разјаснет и го осуди насилството во близина на местото на нападот.
„Имаме целосно пореметена група хулигани водени од екстремно десничарската идеологија кои прибегнаа кон сериозно насилство. Бараме начини и ресурси да се справиме со тоа“,
рече Хари и ја повика толпата да си замине.
Во нападот со нож кој се случил околу 14 часот во близина на училиште во центарот на Даблин се повредени три деца и двајца возрасни. Едно од децата и жена се пренесени в болница и се во тешка состојба. Останатите тројца повредени – две деца и еден возрасен, се згрижени со полесни повреди.