Едно од децата и жена се пренесени в болница и се во тешка состојба. Останатите тројца повредени – две деца и еден возрасен, се згрижени со полесни повреди
Пет лица, од кои три деца, се повредени во напад со нож во близина на училиште во центарот на Даблин.

Нападот во ирската метропола се случил нешто околу 14 часот по локално време, а истрагата е сè уште во тек.
Едно од децата и жена се пренесени в болница и се во тешка состојба. Останатите тројца повредени – две деца и еден возрасен, се згрижени со полесни повреди.
Ирските медиуми пренесоа дека осомничениот за нападот е приведен и дека се здобил со рани за кои се верува дека си ги нанел самиот. Мотивот за нападот сè уште не е утврден, но според полицијата, не станува збор за тероризам, туку како индивидуален напад.