Приведени се две лица против кои МВР најавува кривични пријави. Запленетата марихуана, пак, е дадена на вештачење
Во близина на месноста Сатеска кај Струга, на брегот на Охридското Езеро, полиција синоќа запленила марихуана вредна околу 250 000 евра, соопшти МВР:
Приведени се две лица, а во непосредна близина на местото каде тие биле лишени од слобода била пронајдена и марихуана, спакувана во четири торби и со вкупна тежина од 80 килограми.
Запленетата стока е дадена на вештачење.
МВР акцијата ја спровело во координација со Основното јавно обвинителство од Струга до кое ќе биде поднесена и кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.