Ова е негово прво појавување во судот откако пред Нова година (на 29 декември 2021) излезе од притвор со гаранција од 11 106 501 евро. Минатото рочиште, кое беше закажано за 14 јануари, се одложи бидејќи тој беше во изолација поради позитивен тест на ковид-19
Сашо Мијалков излезе од изолација и утрово се појави во Основниот кривичен суд Скопје на закажаното рочиште за случајот „Плацови на Водно“, каде што е еден од обвинетите.
“Кој е рецептот за милионите?”,
го прашаа новинарите при влегувањето во судот.
“Немам таков рецепт”,
кратко одговори Мијалков.
Ова е негово прво појавување во судот откако пред Нова година (на 29 декември 2021) излезе од притвор со гаранција од 11 106 501 евро. Минатото рочиште, кое беше закажано за 14 јануари, се одложи бидејќи тој беше во изолација поради позитивен тест на ковид-19.
Во судот денеска дојдоа и другите обвинети, меѓу кои и Орце Камчев, кој исто така беше во притвор, но и тој излезе на почетокот на месецов (4 јануари 2022) со гаранција од речиси 11 милиони евра.
Во судница се појавија и сведоци предложени одбраната, меѓу кои и ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.
Во „Плацови на Водно“ Груевски е првообвинет и му се суди во отсуство. Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милиони евра (79 972 140 денари), а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно. Покрај имотот на Водно, обвинението опфаќа и два стана во главниот град и две парцели во Крушево за кои обвинителството тврди дека се прикривал вистинскиот сопственик односно Груевски. Покрај Груевски, Мијалков и Камчев, обвинети се и Ратка Куновска-Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.
Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милиони евра (79 972 140 денари), а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно. Покрај имотот на Водно, обвинението опфаќа и два стана во главниот град и две парцели во Крушево за кои обвинителството тврди дека се прикривал вистинскиот сопственик односно Груевски. За сиот имот што е опфатен со обвинението обвинителството бараше и конфискација, а според сумите кои ги објави обвинителство за кои биле купени или колку се проценети парцелите и становите, нивната вкупна вредност е околу 1,5 милиони евра. Во шемата на купување, според она што го соопшти обвинителството со поднесување на обвинителниот акт, вмешани се фирми со кои се поврзуваат дел од обвинетите, меѓу кои и офшор-компанија.
Груевски е обвинет за делата перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Камчев, неговата мајка, како и Новачевски и Јосифовиќ се товарат за перење пари, додека Мијалков е обвинет за помагање во делото перење пари.