Премиерот при увидот истакна оти се радува што градежните работи се интензивираат и дека добил уверување од изведувачот деќа ќе стори се што е во негова моќ за забрзување на изведбата на оваа делница. Премиерот изрази надеж дека градежните работи на делницата, која е предвидено да заврши до крајот на оваа година, ќе биде брзо реализирана
Инаку, увидот во градежните работи за рехабилитацијата на делницата Катланово – Петровец се случува во период кога во јавноста се актуелни контраверзите со договорот меѓу Владата и „Бехтел и Енка“ и измените на осум закони поврзани со изградбата на дел од коридорите 8 и 10-д, кои се во собраниска процедура
Премиерот Димитар Ковачевски денеска заедно со министерот за транспрот и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми извршија увид во градежните работи за рехабилизација на делницата Петровец – Катланово. На терен, како што соопштија од владината прес-служба беа присутни и претставници од надзорот и изведувачот на градежните работи на оваа делница од Турција, Акционерското друштво за асфалт изведба, градежништво, индустрија и трговија „Макимсан“.
Инаку, делницата Петровец – Катланово е во вкупна должина од 10,7 километри, а инвестицијата изнесува 6,3 милиони евра. Со рехабилитацијата на делницата треба да се прошири автопатот А1.

Ковачевски при увидот истакна оти се радува што градежните работи се интензивираат и дека добил уверување од изведувачот деќа ќе стори се што е во негова моќ за забрзување на изведбата на оваа делница.
Тој апелираше до изведувачите и сите инволвирани во изведбата на делницата да се забрза динамиката на реализација.
Премиерот изрази надеж дека градежните работи на делницата, која е предвидено да заврши до крајот на оваа година, ќе биде брзо реализирана.
„Се надевам и укажувам градежните работи за рехабилитација со проширување на двете ленти од коловозот на оваа автопатска делница да се реализираат уште пред предвидениот рок и со забрзана динамика најдоцна до декември годинава, како што е предвидено“,
рече премиерот Ковачевски.

Како што посочи премиерот во овој момент активно тече изградбата на експресни патишта во должина од 64 километри, инвестиција која чини преку 120 милиони евра.
„Во тек е реконструкција на регионални патишта во должина од преку 120 километри. Изминативе пет години, Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери, изгради двојно повеќе патишта со должина од околу 1 300 километри, отколку што се изградени во претходните десет години, кога биле направени само околу 650 километри“,
изјави премиерот.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, пак истакна дека градежната офанзива во инфраструктурата е засилена насекаде низ државата и дека оваа година има најголем обем на инвестиции.
„Ова е делница од коридорот 10, дел од европските коридори, за нас многу значајна патна и транзитна врска и затоа наша обврска е на овој коридор да воспоставиме квалитетен, модерен и безбеден автопат. Она што е многу важно е дека посветуваме големо внимание на безбедноста на патниот коридор 10. Инвестициите во патната мрежа ги продолжуваме со уште позасилено темпо. На терен ги вклучуваме сите капацитети, цела градежна оператива ја ставиме во функција за да ги модернизираме патиштата низ земјава“,
рече Бочварски.

Тој посочи дека во моментов се инвестираат околу една милијарда евра во рехабилитација и изградба на патната мрежа низ земјава и потсети дека се започнува со изградбата на автопатските делници на коридорот 8 и автопатската делница Прилеп – Битола на коридор 10 д.
Годинава, како што потенцираше министерот Бочварски, се започнува и со изградба на втората фаза од автопатската делница Скопје – Блаце.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми истакна дека реахабилизацијата на автопатската делница А1 Катланово – Петровец е заради зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
„Овие вкупно десетина километри што се рехабилитираат на левиот и десниот коловоз ќе бидат проширени со уште една лента, со што ќе се добие комплетна автопатска делница по сите стандарди. Проширувањето се одвива во внатрешниот зелен појас на автопатот со цел да се избегне дополнителна експропријација. Сега веќе се работи со засилено темпо“,
рече Рустеми.

Тој појасни дека вредноста на договорот е 6,3 милиони евра, средства кои се обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Рустеми ги потенцираше и проектите на кои работат. Како што посочи тој, оваа година треба да почне рехабилитацијата на најоштетените делови на автопатот А1 во делот кај Неготино, како и дека по подолг период, се рехабилитира патот Катланово – Велес, во вкупна должина од 8,4 километри.
Инаку, увидот во градежните работи на рехабилитацијата на делницата Катланово – Петровец се случува во период кога во јавноста се актуелни контраверзите со договорот меѓу Владата и „Бехтел и Енка“ и измените на осум закони поврзани со изградбата на дел од коридорите 8 и 10-д, кои се во собраниска процедура.