Патниците и возачот се со полесни повреди, а во несреќата не учествувале други возила
Седум патници и возачот се повредени кога автобус во Њујорк излетал од патот и останал делумно да виси од надвозникот.
Зглобниот автобус синоќа нешто по 23 часот по локално време излетал од пат на раскрсница во населбата Бронкс. На фотографиите од местото на несреќата се гледа како еден дел од автобусот сè уште стои на мостот, додека другиот дел виси од надвозникот, а смачканиот преден крај е на патот долу.
Седумтемина повредени патници се со полесни повреди, кои, како и возачот на автобусот, биле пренесени во болница, соопшти Противпожарната бригада на Њујорк.
Во несреќата не учествувале други возила.