Град Скопје ја додели третата награда за најкреативна фотографија на тема „Скопје дома“, конкурс кој започна со оглед на актуелната состојбата со коронавирусот кога властите бараат граѓаните да не излегуваат.
Победник на вчерашниот, трет ден, е скопјанецот Петар Прентовиќ.

„Фотографијата на Прентовиќ, која на интересен начин го истражува тројството во секојдневието и на мошне креативен начин го доловува расположението на скопјани во овој историски миг, е избрана во конкуренција од голем број на фотографии“,
соопштија од Градот.
Претходно, награди на конкурсот добија и Лариса Митиќ и Јехона Спахиу.
Да останеме дома, порачуваат градските власти, за да го спречиме ширењето на коронавирусот.