Денеска на повеќе локации низ Скопје, анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во Македонија.
Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморланоста и опасноста од манипулациите врз населението. Авторите на инсталациите поставија пет најзлонамерни дезинформации и ги соочија со пет народни мудрости.
„АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат!“, „Со договорот од Преспа станавме Северномакедонци – на лагата и се куси нозете, а долги опашките“, „Путин ја ослободува Украина од фашизмот – отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат“, Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели“, „За само две недели ова ќе ви го промени животот – што ќе кликнеш тоа ќе жнееш!“,
се дел од пораките.