Се градат нови улици околу Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за подобар пристап до Инфективната клиника и Ургентниот центар, информираше на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
„Во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“, интензивно се работи на подобрување на инфраструктурата – се прави уште една лента на главниот влез на Клинички центар за возила за Итната медицинска помош за влез кон Ургентниот центар на хируршките клиники, како и нова улица зад Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со цел подобрување на пристапот кон оваа Клиника“,
напиша Филипче.