Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија. Во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит
Според Царина, од почетокот на годината се откриени 13 случаи на криумчарење злато при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети
Спречен е обид за криумчарење на 348 грама златен накит во вредност од 1,3 милиони денари при влез во државата на граничниот премиен „Табановце“, соопштија од Царинската управа.

Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија.
„Во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит“,
се вели во соопштението од Царинска управа.
Против неа, Одделени за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик.
Од почетокот на годината, како што информираат од Царинската управа, се откриени 13 случаи на криумчарење злато при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.
