Доаѓањето на Борел и на Вархеји во Скопје е во пресрет на утрешниот 16. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација РСМ – ЕУ кој ќе се одржи во Владата, а со кој ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ преку фејсбук-статус информира дека попладнево во Скопје ги пречекал и им посакал добредојде на високиот претставник за надворешни работи на Европската Унија, Жозеп Борел, и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Доаѓањето на Борел и на Вархеји во Скопје е во пресрет на утрешниот 16. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација РСМ – ЕУ кој ќе се одржи во Владата, а со кој ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски.

„На утрешната седница на Советот за стабилизација и асоцијација ќе имаме можност да разговараме за статусот на реформите, напредокот во евроинтеграциите и за билатералните односи во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација“,
пишува Маричиќ во објавата на Фејсбук.
Политичката поддршка која ја добиваат земјите од Западниот Балкан, додава Маричиќ во објавата, треба да ја искористат и ги гарантираат стабилноста, мирот и европската перспектива на регионот.