Скопје е последната станица за време на турнејата на Западен Балкан на шефицата на ЕК
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во петок доаѓа во посета на Скопје во рамки на својата турнеја низ земјите од Западен Балкан. За време на посетата ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски со кои ќе разговара за европската перспектива на земјава и за процесот на пристапување кон Европската Унија.

Скопје е последната станица за време на турнејата на шефицата на ЕК.
Таа својата обиколка на земјите на Западен Балкан ќе ја започне на 30 септември во Тирана каде што ќе се сретне со премиерот Еди Рама и со претседателот Бајрам Бегај. Во четврток ќе оди во Приштина каде што ќе се сретне со в.д. претседателката Албулена Хаџиу и со косовскиот премиер Албин Курти, а оттаму истиот ден ќе замине за Подгорица каде што ќе оствари средби со претседателот Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ.
Турнејата ќе ја заврши на 2 октомври со посетата на Скопје.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера во интервју за Сител рече дека посетата на Фон дер Лајен испраќа порака дека ЕУ останува заинтересирана за регионот и додаде дека на шефицата на Европската комисија ќе ѝ биде претставен предлогот за зголемено учество на Европската Унија во разговорите меѓу Македонија и Бугарија.
