Претседателката на Европската комисија рече дека Унијата досега дала придонес со три милијарди евра во програмата Ковакс и извезла 350 милиони вакцини, односно половина од своето производство
Целта на Европската унија е да извезе 700 милиони дози вакцини против ковид-19 до крајот на 2021 година, објави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.
Таа рече дека Унијата досега дала придонес со три милијарди евра во програмата Ковакс, која е поддржана од Светската здравствена организација, со цел да се обезбедат вакцини за посиромашните земји, и извезла 350 милиони вакцини, односно половина од своето производство, пренесе Ројтерс.
„Нашата цел е да објавиме 700 милиони извесени дози до крајот на годината“,
напиша на Твитер Фон дер Лајен, која учествува на Самитот Г7 во Велика Британија.