Претседателката на Европската комисија истакна дека ЕУ силно ја поддржува БиХ на нејзиниот европски пат и дека новиот Совет на министри на БиХ направил многу во првата година од својот мандат
Ако се спроведат реформите, тогаш ќе дојдат и средствата. Нам ни е јасно дека за реформите е потребно време, но, доколку реформите не се спроведат, средствата ќе бидат префрлени кај другите земји од Западен Балкан, рече Фон дер Лајен на прес-конференцијата по средбата со претседавачот на Советот на Министрите на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо.
Таа истакна дека исполнувањето на сите 14 клучни приоритети од мислењето на Европската комисија, особено кога станува збор за владеењето на правото, е исклучително важно за Босна и Херцеговина.
Фон дер Лајен истакна дека ЕУ силно ја поддржува БиХ на нејзиниот европски пат и дека новиот Совет на министри на БиХ направил многу во првата година од својот мандат.
„БиХ треба да дејствува обединето. Не можеме да дозволиме назадување во однос на нашите заеднички вредности во кој било дел од вашата земја“,
рече таа.
Bosnia and Herzegovina’s future is in the European Union as a single, united and sovereign country, I discussed with @KristoBorjana
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) November 1, 2023
Bosnia and Herzegovina, the heart-shaped country, is at the heart of Europe. pic.twitter.com/VbImRwMF7H
Таа повтори дека иднината на БиХ е во ЕУ, како единствена, обединета и суверена земја.
Претседателот на Европската комисија понатаму рече дека инвестицискиот план на ЕУ од 30 милијарди евра за Западен Балкан веќе носи одлични примери наведувајќи дека Планот за раст за Западен Балкан содржи четири принципи.
Според неа, ова се однесува на отворање на единствен пазар за деловни субјекти од Западен Балкан, отворање на границата и заокружување на регионалниот пазар, спроведување реформи за подобра интеграција (подобро деловно опкружување, дигитализација, подготовка на економијата за зелена транзиција) и, конечно, инвестиции кои ќе го следат сето тоа.
Претседателката на Европската комисија истакна дека ова е одлична понуда за Босна и Херцеговина.
„Мислам дека ова е вистинската понуда која доаѓа во вистинско време. Ако успееме во сè што планираме да направиме, имаме можност да ја удвоиме економијата во рок од една деценија“,
рече Фон дер Лајен.
Претседателот на Европската комисија денеска во Сараево се сретна и со членовите на Претседателството на БиХ.
Претходно, таа се сретна со членовите на Претседателството на БиХ, каде што група женски активистки држеа транспаренти со кои ја обвинуваа неа и ЕУ дека се соучесници во геноцидот во Газа.