Вардар оваа сезона влезе со големи амбиции откако во најтрофејниот македонски фудбалски клуб со свои финансиски поттик влезот австриски „Новоматик“, односно „Новоматик Македонија“, како главен спонзор на клубот во новата сезона.
Новиот сопственик на ФК Вардар, Атила Бижен Жалили, е генерален директор на „Сол сервисис“, компанија која е пионер во развојот на соларни паркови во Унгарија и е лидер на тамошниот пазар во оваа дејност
Фудбалскиот клуб Вардар соопшти дека има нов сопственик откако унгарскиот бизнисмен Атила Бижен Жалили купил 85% од акциите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
Во своето обраќање до навивачите, сопственикот на ФК Вардар потврди дека го презема клубот и најави дека ќе обезбеди брза финансиска, организациска и резултатска консолидација на најголемиот спортски бренд во Македонија.
„Задоволство ми е да ја информирам македонската јавност дека од 7 октомври, според претходно потпишаниот договор, 85% од акциите на АД ФК Вардар-Скопје се преземени, а со тоа и управувачкиот пакет на компанијата. Со нашето големо искуство во менаџирање на фудбалски џинови и соработка со десетици познати клубови низ Европа, ние ќе обезбедиме брза финансиска, организациска и резултатска консолидација на овој најголем спортски бренд во Македонија. Во изминативе неколку години, како дополнување на бизнисот што го имаме, нашиот фокус беше да преземеме клуб од Централна Европа или Балканот. Имавме неколку опции пред нас. Но, благодарејќи на упорноста и аргументите презентирани од Миленко Неделковски, се одлучивме за најголемиот спортски бренд во Македонија. Да го направиме Вардар повторно голем“,
стои во обраќањето на Жалили до македонската фудбалска јавност.
Ваквата објава доаѓа по серијата протести на навивачката група „Комити“, кои бараат оставки од раководството на клубот и од извршниот директор Миленко Неделковски поради лошите резултати на клубот, кој по 9 кола е на претпоследното место на табелата во Првата македонска фудбалска лига со освоени 7 бода од кои 3 по службената победа над Тиквеш.
Вардар оваа сезона влезе со големи амбиции откако во најтрофејниот македонски фудбалски клуб со свои финансиски поттик влезот австриски „Новоматик“, односно „Новоматик Македонија“, како главен спонзор на клубот во новата сезона.
Оваа компанија и ФК Вардар потпишаа едногодишен договор за главно спонзорство во висина од 1 милион евра. Очекуваат соработката да биде продолжена и за повеќе години.
Новиот сопственик на ФК Вардар Атила Бижен Жалили е Турчин кој живее во Унгарија. Тој е генерален директор на „Сол сервисис“, компанија која се занимава со имплементација на производство на енергија од обновливи извори. Компанијата е пионер во развојот на соларни паркови во Унгарија и е лидер на тамошниот пазар во оваа дејност.
Жалили е електроинженер со диплома од Универзитетот во Нотингем. Образованието го продолжува во Истанбул каде што на Универзитетот „Билги“ станува магистер по бизнис-администрација.
Атила Жалили повеќе од десет години е во бизнисот со енергија. Од 2013 година е во компанијата „Сол сервисис“ каде што до 2017 година бил инвестиционен координатор, а од 2020 година до денес е генерален менаџер.
