Изградбата на оградата е иницијатива на граничната полиција, одобрена од владата на Сана Марин. Оградата ќе биде висока три метри, ќе биде од челик со бодликава жица
Финска почна со изградба на ограда од бодликава жица вдолж границата со Русија за да ја намали илегалната миграција. Изградбата почна југоисточно од градот Иматра, кој брои околу 25 000 жители.
Финска има 1 340 километри долга граница со Русија.
Изградбата на оградата е иницијатива на граничната полиција, одобрена од владата на Сана Марин. Оградата ќе биде висока три метри, ќе биде од челик со бодликава жица.
Проектот ќе биде завршен во 2026 година и се очекува да чини 380 милиони евра. Оградата на крајот треба да покрие 200 километри во југоисточна Финска, во близина на главните гранични премини со Русија, но ќе има и делови на северниот дел на Арктикот во Лапонија.