Финалето на Светското фудбалско првенство во Катар, во кое утре ќе играат Франција и Аргентина ќе почне со минута молк во знак на почит кон славниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ.
Информацијата, како што пренесуваат српските медиуми, денеска ја потврди поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, кој сега ја извршува должноста шеф на секторот на ФИФА за развој на фудбалот.
Михајловиќ почина вчера на 53 годишна возраст во болница во Рим по долга битка со леукемија.
На барање на неговото семејство Михајловиќ в понеделник ќе биде погребан во италијанскиот главен град.