Михајловиќ се бореше со леукемија неколку години и иако првично ја победи болеста, таа повторно се врати на почетокот на годинава. Почина во болница во Италија, каде што беше сместен подолго време
По долга и тешка борба со леукемија, на 53-годишна возраст, почина еден од најдобрите српски и југословенски фудбалери и член на шампионската генерација на Црвена звезда, Синиша Михајловиќ.
Тој почина во болница во Италија, каде што беше сместен подолго време. Неговата здравствена состојба наеднаш се влошила во текот на изминатите денови. Тој се бореше со леукемија неколку години и иако првично ја победи болеста таа повторно се врати на почетокот на годинава.
Михајловиќ е роден на 20 февруари 1969 во Вуковар. Професионалната кариера ја започна во Војводина, по што се пресели во Црвена звезда, каде што беше еден од клучните играчи во шампионската генерација која ја освои Лигата на шампионите во 1991 г. По Црвена звезда играше за Рома, Лацио, а кариерата ја заврши во Интер. Во текот на кариерата освои голем број трофеи и индивидуални признанија.
По пензионирањето, беше тренер на неколку тима во Италија и селектор на репрезентацијата на Србија. Тој беше оженет со поранешната италијанска водителка Аријана Рапачони со која имаше пет деца.