Овие достигнувања, како што се вели во соопштението, претставуваат уште една силна потврда за развојот и успехот на македонската кинематографија пред меѓународната публика и критика
Македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума продолжува да бележи значајни резултати на меѓународната филмска сцена. Најновата потврда за уметничкиот квалитет на ова филмско остварување доаѓа од 43. Филмски фестивал во Ерусалим, каде што филмот успеа да ја освои престижната награда „Камингс“, додека пак истовремено, филмот е официјално селектиран во главната натпреварувачка програма на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал.

На овој реномиран филмски настан, остварувањето на Дума ќе ја доживее својата европска премиера и директно ќе се натпреварува за највисокото признание на фестивалот наречено „Срцето на Сараево“. Овие достигнувања претставуваат уште една силна потврда за развојот и успехот на македонската кинематографија пред меѓународната публика и критика.
