Интервју со Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, водечка антикорупциска организација која со години ја следи транспарентноста и отчетноста на државните институции
Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која ја води државата две години, тврди дека транспарентноста е темел на нејзиното одговорно владеење. Но, наспроти ваквите декларативни заложби, информации за трошењето на буџетските пари остануваат тајни.

Последен пример е одбивањето да се одговори како е избрана фирмата и концептот за прославата на 35 години од независноста, ниту пак колку пари ќе се потрошат за тоа.
Во истиов период, додека се најавуваат настаните за прославата, со нецелосно јасни одговори од премиерот Христијан Мицкоски помина и недоаѓањето на работа на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи кој неделава си поднесе оставка од позицијата.
За овие прашања разговаравме со Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, водечка антикорупциска организација која со години ја следи транспарентноста и отчетноста на државните институции.
Филков вели дека функцијата што ја извршуваше Фетаи е сериозна и дека така требаше да му се пристапи на проблемот.
Односот на Владата, пак, во случајот со организирање на прославата за независноста го нарекува непримерен, па дури и дрзок.
„Прво и основно, граѓаните мора да знаат колку пари Владата планира да потроши за оваа намена. Второ, кога веќе најмила фирма, најавува гости, организира настани за промоција, тоа значи дека мора да има некоја законска основа за сето тоа. Дали е тоа програма, концепт, план, стратегија и сл., некој треба таквиот документ да го донесе за да може потоа да се трошат пари врз таа основа“,
вели Филков.
Целата сторија можете да ја прочитате на тука.
