Ова зголемување на струјата за дополнителни 2-3% ќе повлече повторно поскапување на буквално сите производи кај нас. Според последните извештаи, вредноста на синдикалната кошничка е повторно зголемена. Сега е 71.000 денари. Ако се извадат киријата или кредитите кои што ги плаќаат граѓаните за становите, тие трошоци се на 90.000 денари. Околу 26.000 денари е само трошокот за храна и пијалаци. Значи, една цела минимална плата оди за храна и пијалаци. Каде се парите потребни за сметки, за струја, за вода, ѓубрарина, трошоците за децата, школски прибор, обувки и така натаму. За ова никој не зборува и никој од владата, а најмалку премиерот не е заинтересиран затоа што не се грижи како скромно и сиромашно живеат граѓаните додека премиерот ги плаши дека имало Трета светска војна, кажа Филипче
Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите производи во земјава, зголемена е и вредноста на потрошувачката кошничка, една минимална плата оди само за храна и пијалок, а власта не е заинтересирана за тоа како живеат граѓаните, обвини на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ Венко Филипче. Според него, наместо мерки, премиерот Христијан Мицкоски ги плаши граѓаните со изјави за Трета светска војна.
„Што ќе се случи после Нова година? Ова зголемување на струјата за дополнителни 2-3% ќе повлече повторно поскапување на буквално сите производи кај нас. Според последните извештаи, вредноста на синдикалната кошничка е повторно зголемена. Сега е 71.000 денари. Ако се извадат киријата или кредитите кои што ги плаќаат граѓаните за становите, тие трошоци се на 90.000 денари. Околу 26.000 денари е само трошокот за храна и пијалаци. Значи, една цела минимална плата оди за храна и пијалаци. Каде се парите потребни за сметки, за струја, за вода, ѓубрарина, трошоците за децата, школски прибор, обувки и така натаму. За ова никој не зборува“
кажа Филипче.

Додека Мицкоски се занимава со геополитички сценарија и користи реторика како Орбан и Вучиќ, плашејќи ги граѓаните со војна, реалноста во Македонија е дека цените растат, а семејните буџети сè потешко издржуваат, порача Филипче.
„Со оваа власт, додека премиерот ги плаши граѓаните дека во светот имало Трета светска војна, замислете, според неговите мастер геополитички способности и капацитети. Во тек е дебатата во Собранието за буџетот. Ние поднесовме бројни амандмани. Одговорот засега од власта е дека нема пари и тоа е единствената вистина, дека пари во буџетот нема за ништо. Имаме 225 амандмани, меѓу другото, 600 евра зголемување на минималната плата и за тоа нема пари, зголемување на средствата за студентите, да се зголеми студентскиот оброк и за тоа исто така нема пари, а има за партиски тендери“
рече Филипче.
Во однос на амандманите на СДСМ за предлог-буџетот за 2027, Филипче посочи дека иако има зголемување на буџетото, парите се наменети единствено за партиски тендери и трошење без контрола, без дозвола од Бирото за јавни набавки, затоа што вредноста за сите капитални инвестиции во важните области се намалува.
„Иако вкупниот буџет за образование е зголемен, за 17% се намалува сумата на пари предвидена за нови училишта, за развојни капитални проекти во образованието се предвидени 30% помалку средства“
додаде Филипче.
Филипче го отфрли објаснувањето на премиерот Христијан Мицкоски дека новите задолжувања служат за враќање на старите долгови. Тој посочи дека вкупниот долг расте и дека власта со новите задолжувања финансира тековна потрошувачка. Според него до крајот на мандатот на оваа влада, вкупниот долг ќе биде најмалку 50% поголем од долгот што власта го наследи во 2024 година.
