Светската банка го поддржа прелиминарниот предлог проект на министерството за здравство за поставување монтажни ковид-болници во повеќе општини, информираат од Министерството по средбата на министерот Венко Филипче со претставници од Светска Банка.
„Светска банка го поддржа прелиминарниот предлог проект, кој има одличен концепт за справување со здравствената криза предизвикана од коронавирусот. Нашиот предлог план е поддржан од страна на Светска банка, но истиот може и да се надополни, тие се флексибилни. Пациентите се на прво место. И токму затоа, со овој проект, ќе го зајакнеме нашето јавно здравство, но и подобро ќе одговориме на предизвикот со ковид-19“,
изјавил Филипче.
Филипче уште еднаш се пожалил дека дополнителната заменичка министерка за финансии досега го кочела процесот.
Со овој проект, се предвидува поставување на монтажни болници во повеќе општини кои ќе функционираат како мини инфективни одделенија по примерот на монтажната болница до Инфективната клиника во Скопје.