Имаме два предизвици во периодот кој претстои, отворањето на училиштата и градинките и вториот момент кога времето нема да биде вака убаво, па луѓето ќе бидат во затворени простории, каде вирусот полесно може да се пренесе, рече министерот за здравство Венко Филипче во „Само вистина“ на Канал 5.
„Одржавме неколку состаноци и со претставници од Министерството за образование и од Министерството за труд и социјална политика, со членовите на Комисијата за заразни болести. Различни се предизвиците во училиште, а други во градинка. Следната недела ќе се донесе одлука. Мора да имаме протоколи кои ќе бидат водич за спроведување на наставата. Помали групи во училиштата, како резултат на тоа повеќе смени и покус час. Што пократко време во затворен простор. Доколку може и наставниците да бидат ограничени во контактите со групи деца кои ги учат. Ако е групата деца помала, а тој наставник заболи, сите од групата се во ризик. Мали групи, честа дезинфекција, сите со маски…“,
вели Филипче.
Тој нагласува дека се следат примери од некои земји кои почнаа со настава, како што е Израел.
Филипче не прецизира дали градинките би почнале со работа од 1 септември, вели ќе се одлучи следната недела, иако веројатноста е голема