Димензионирањето на мерките и нивна имплементација зависи од капацитетот на болниците, увидот од тоа кои се заболени и кои се контактите, точноста на податоците, изјави министерот
Попушта притисокот врз болниците каде што се хоспитализираат пациенти со ковид-19, според министерот за здравство Венко Филипче, а по напливот на пациенти во последните денови, посебно минатата седмица.
Филипче на денешната прес-конференција изјави дека притисокот кон болниците не е таков каков што беше во изминатиот период. Според него, има нешто помал број приеми во однос на тоа што била бројка минатата недела, но, како што потенцира, во исто време почнале да се испишуваат поголем број оздравени пациенти.
„Димензионирањето на мерките и нивна имплементација зависи од капацитетот на болниците, увидот од тоа кои се заболени и кои се контактите, точноста на податоците…Во таа смисла се и мерките на ослободување што ги препорачуваме, со соодветни протоколи. Ова е ставот на Комисијата за заразни болести. Будно се следи епидемиолошката слика и секако дека е можно да се интервенира со некои мерки во одредени региони или населба, но во овој момент нема индикација да се прави некоја таква дополнителна мерка“,
изјави Филипче одговарајќи за можноста за воведување нови мерки за заштита од ковид-19 во најзагрозените општини.