Министерот за здравство Венко Филипче објави на својот фејсбук-профил табела со регистрираните случаи на коронавирус во земјава во втората половина на март, повторувајќи дека охрабрува линеарниот раст. Сепак, тој нагласува дека е сè уште рано да се носат заклучоци како ќе се развива ситуацијата.
„Иако сѐ уште е рано да заклучуваме што било, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и без исклучок да ги следиме мерките и препораките“,
напиша Филипче.