Нов бран на ковид-19 е сè поизвесен, мора да го задржиме ова темпо на вакцинација, порачува министерот за здравство, Венко Филипче.
Досега во земјава, барем со една доза се вакцинирани нешто повеќе од половина милион граѓани (500 995) од кои 361 431 се веќе ревакцинирани. Во каква состојба ќе го дочекаме новиот бран на зараза, потенцира министерот, зависи од нас.
„Ова темпо мора да го задржиме. Имаме одлично поставен систем и капацитети за вакцинација, потребна е самосвест и совест кај граѓаните. Нов бран е сè поизвесен, тој не одбегна многу европски земји, веројатно нема да не одбегне ни нас. Само од нас зависи дали ќе го пречекаме вакцинирани во што поголем процент, ќе го ублажиме и ќе спасиме човечки животи. Барам максимална одговорност, но пред сè поддршка и вклученост. Ширете ја пораката дека вакцинацијата е единствен начин да ставиме крај на пандемијата. Разговарајте и убедете ги оние кои сè уште се двоумат затоа што веќе е научно докажано и проверено – вакцините функционираат. Тие се безбедни и спречуваат хоспитализација или смрт од ковид“,
вели Филипче.
Тој веќе најави дека можно е за невакцинираните лица да се воведат рестрикции за местата каде што има можност за масовни собири, по примерот на други европски држави.