Министерот Венко Филипче рече дека изминатите денови е направена детална анализа на случаите со ковид-19 која покажала дека 65 проценти од активните позитивни случаи во Скопје се поврзани со познат случај. Најголем број од новите случаи, рече тој, се заболени на семејни или други собири.
„Од тие во Скопје, околу 90 проценти спаѓаат во 41 кластер. Слична е состојбата и во останатите три региони. Кластерската анализа покажа дека сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир или прослава во периодот околу 23, 24 и 25 мај. Овој пик е резултат на тоа и повторно ќе кажам дека непочитувањето на мерките нѐ доведе до овој бран“,
рече Филипче.