Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретнал со проф. д-р Драган Данаиловски на која се договориле да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицинскиот факултет, соопшти Министерството за здравство. Целта е професорите да помогнат во анализирање на тековните состојби во здравството.
вели министерот Филипче.
,,На крајот на оваа година, сакам да му изразам посебна благодарност на проф. д-р Драган Данаиловски за целиот придонес во Ковид кризата досега. Тој исклучително стручно и конструктивно настапуваше во медиумите со што значително придонесе во информативната кампања. Покрај ова, неговите совети до мене и целиот тим во однос на менаџментот и проекциите за развојот на пандемијата беа од големо значење. Денеска на средбата со професор Данаиловски договоривме да се формира неформално советодавно тело од професори во пензија од Медицински факултет, со цел анализирање на тековните состојби во здравството. Во новата година му посакав добро здравје и успех. Верувам дека и понатаму ќе ја продолжиме соработката”,