Фудбалската федерација на Мaкeдонија го осуди националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија.
Арнаутовиќ упати навреди и пцовки кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, веднаш откако го постигна голот против македонската репрезентација.
„Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ. Како ‘Куќа на фудбалот’ секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме“,
информираат од Фудбалската федерација на Македонија.
Додаваат дека, ФФМ останува да ги брани интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат.
По реакциите за однесувањето на Арнаутовиќ, тој, денеска преку социјалната мрежа Инстаграм упати извинување и на македонски и на албански јазик.
„Имаше некои лоши зборови вчера искажани во ‘жарот’ на натпреварот и за нив сакам да им се извинам посебно на моите пријатели од Македонија и Албанија. Сакам јасно да кажам една работа: Не сум расист. Имам пријатели во речиси секоја земја и се залагам за различностите. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“,
напиша Арнаутовиќ.