Новата влада, втора под водство на Зоран Заев, веднаш по изборот ја направи првата заедничка фотографија. По традиција, премиерот и министрите позираат на скалите во зградата на парламентот кои водат кон кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Карактеристично за „фемили фотото“ на оваа влада е оддалеченоста на членовите еден од друг, со оглед на тоа што изборот се случува среде ковид-пандемија. Премиерот и министрите се сликаа со и без маски.
