Од поодамна бришеме статуси во кои се величат злосторства врз основа на омраза или масовни убиства. Но, со подемот на антисемитизмот, уште повеќе ја заоструваме политиката, образложи Закерберг
Фејсбук ќе забрани содржини што го негираат Холокаустот, објави денеска социјалната мрежа.
На оваа тема изјава даде и основачот на Фејсбук Марк Закерберг, посочувајќи дека тоа е мошне сериозна промена на политиката на социјалната мрежа.
„Ние уште одамна бришеме статуси во кои се величат злосторства врз основа на омраза или масовни убиства, вклучувајќи го Холокаустот. Но, со подемот на антисемитизмот, ја заоструваме политиката и забрануваме содржини кои го негираат Холокаустот или извртуваат информации за него,
напиша Закерберг.
Тој посочува дека го измачува противречноста меѓу неопходноста да се поддржи слободата на говорот и штетите предизвикан од намалувањето или негирањето на ужасите на Холокаустот.
Фејсбук, како и другите социјални мрежи, блокира содржини поради низа причини, но е против цензура. Закерберг претходно изјави дека Фејсбук ги менува правилата за блокирање и не дозволува тие да бидат форма на цензура.