Во дебата на „360 Степени“, Адам Феган, професор на универзитетот „Квин Мери“ во Лондон., зборуваше за тоа дали има возобновен интерес за давање нова енергија во процесот на интеграција на Западниот Балкан во ЕУ.
– Мислам дека ЕУ секогаш делува во согласност со реалната политика, реагира на кризи, но исто така мислам дека има обновен моментум. Проширувањето, во целата историја, е најуспешната политика. Тоа е најефикасната надворешна политика на ЕУ и затоа во момент на турбуленција што го предизвика Брегзит, ќе сакате да ја обновите, да ја покажете вашата најефективна политика. На едно ниво, добрата работа што произлезе од Брегзит е дека можеби ќе внесе нова енергија, нов здив на живот во проширувањето. Но, исто така, треба да признаеме дека во изминатите 5-6 години по т.н. „нов пристап“, ЕУ има подобри алатки, подобри инструменти, ја научи лекцијата. Не е совршена, но фокусот на поглавјата 24 и 24, или потенцирањето на владеењето на правото и правата на малцинствата не е решение за придвижување на земјите напред, но се многу подобри алатки од пред една генерација. На некој начин мислам дека има обновен моментум што доаѓа од една реалистична опсервација дека штом Брегзит заврши, штом Британија излезе од ЕУ, тогаш што ќе следи ЕУ? Најверојатно ќе сака да ја обнови посветеноста на проширувањето. Второ, зошто има реален напредок, има земји со перспектива за членство кои постепено прават напредок и тоа токму поради новите инструменти на ЕУ – рече Феган.