Министерството за внатрешни работи информираше дека се изречени 32 глоби за неплаќање патарини откако вчера и денеска била извршена засилена контрола со цел да се открие дали се злоупотребуваат „флешери“ со цел да се одбегне плаќањето.
Меѓу оние кои злоупотребиле има и полицајци.
„Шест полициски службеници ја поминале наплатната станица без да платат, со злоупотреба на флешери и службена легитимација и против нив покрај изречената глоба, ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола“,
велат од МВР.
Во соопштението од МВР нема информации за кого се останатите изречени глоби.
Контролата ја правеле Одделот за внатрешна контрола при МВР, Државниот инспекторат за транспорт и Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.