Во реакциите што стигнаа од функционери во власта, како и од Бихаќска, со остри тонови се негодува на ваквата одлука бидејќи, според нив, се поткопува довербата во судскиот систем
Денешниот театар на министерот Бојан Маричиќ и СДСМ во врска со ослободувањето на Сашо Мијалков е евтин театар, велат од ВМРО-ДПМНЕ во првичната реакција по одлуката на Апелацискиот суд да го укине притворот и негативни реакции од власта.
„Во услови кога државава е 111-то место на скалата за корупција и најкорумпирана во Европа, кога се прават списоци за помилување по партиска желба на власта и кога власта со истите свои инсталации во судството не реагира за ниту една афера и криминал, евтин е театарот којшто денес го изведува Маричиќ и СДСМ, партија која ја раководат корумпирани политичари и е во нераскинлива врска со криминалот“,
гласи ставот што го испратија од ВМРО-ДПМНЕ до медиумите.
Апелација донесе одлука да ја прифати жалбата на Мијалков и понудената гаранција од 11 106 501 евро со цел тој да се брани од слобода. Дополнително, му одреди мерки на претпазливост – одземање и забрана за издавање нов пасош и обврска да се јавува во судот.
Гаранцијата се состои од недвижен и движен имот, а пред Апелација да ја донесе одлуката од Вишото обвинителство Скопје испратиле мислење дека жалбата и гаранцијата на Мијалков треба да се одбијат и тој да остане во притвор во „Шутка“.
Во реакциите кои стигнаа од функционери во власта, како и од Бихаќска, со остри тонови се негодува на ваквата одлука бидејќи, според нив, се поткопува довербата во судскиот систем.
Тие ги прозваа и судиите од Апелација кои биле дел од советот што одлучувал, барајќи на јавноста да ѝ објаснат под кои основи ја донеле одлуката.
Се најавува дека утре Судскиот совет, на седница на работно тело на Советот, ќе дискутира и ќе донесе став за одлуката на Апелацискиот суд во Скопје да го укине притворот на бившиот директор на УБК.
Фото: МИА
*Поврзани вести:
Мијалков излегува од притвор, Апелација ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра
Вишото обвинителство барало да се одбие гаранцијата на Мијалков
Судскиот совет веројатно утре ќе дискутира за ослободувањето на Мијалков
Маричиќ „удри“ по судиите што го пуштија Мијалков од притвор
И СДСМ ги нападна судиите за пуштањето на Мијалков од притвор
Николовски: Одлуката за Мијалков е скандалозна, јавноста треба да знае врз која основа е донесена