Бугарскиот претседател се осврна и на заедничкото патување со македонскиот претседател во Рим, при што посочи дека заедно ќе демонстрираат јасна политичка волја дека ќе ги развиваат односите меѓу двете земји во духот на довербата и добрососедството
Заедно со претседателот на Република Северна Македонија, не само што ќе оддадеме почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим, туку ќе патуваме заедно во еден авион. Со претседателот Пендаровски ќе ја објавиме нашата јасна и заемна политичка волја дека ќе ги развиваме односите меѓу нашите две земји во духот на довербатa, пријателство и добрососедство, изјави бугарскиот претседател Румен Радев,откако положи цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Софија.
Тој рече дека европскиот пат на Северна Македонија е преку Софија и дека тоа е патот за решавање на сите проблеми, како што пренесуваат бугарските медиуми.
„Наеднаш станав многу интересен за сите европски лидери. Дневно имам покани да разговарам со најмалку двајца премиери, еден претседател и еден комесар. Има многу внимание кон Бугарија, нема да го кажам зборот притисок
изјави Радев
Да не заборавиме, додаде Радев, дека Бугарија е членка на Европската Унија и тоа значи многу, а ќе се обратиме до другите членки на ЕУ за солидарност.
„Најважно е Бугарија, како одговорна членка, да не дозволи да се внесат многу проблеми во Унијата“, порача Радев