Бразилски брод со повеќе од 4,6 тони кокаин вреден повеќе од 150 милиони евра бил пресретнат минатата недела од француската морнарица во близина на Сиера Леоне, соопшти денеска Европол.
Бродот што тргнал кон Европа бил пресретнат на 30 ноември во заедничка операција на Франција, Бразил, Велика Британија и САД, соопшти Европол.
„Упатувајќи се кон Европа, бродот долг 21 метар беше пресретнат во меѓународни води во близина на брегот на Сиера Леоне. Се верува дека нејзината илегална пратка е во вредност од над 150 милиони евра. Во тек е истрага за откривање на криминалните групи инволвирани од двете страни на Атлантскиот Океан“,
се додава во соопштението.
Агенции на Европската Унија во мај предупредија дека Европа се повеќе станува центар за производство и испорака на кокаин во други региони во светот.