Значително се зголемила продажбата на фалсификувана заштитна опрема, а се очекува и зголемување на измамите
Стапките на криминал се зголемени за време на пандемијата на новиот коронавирус, а криминалците и бандите брзо се организираат, предупреди денеска Европол.
Инспекторите откриле зголемување на компјутерскиот криминал, измами, кражби и фалсификување, соопшти европската полициска организација.
Во извештајот насловен „Како криминалците профитираат од пандемијата на ковид-19“, се вели дека од избувнувањето на епидемијата значително се зголемила продажбата на фалсификувана заштитна опрема – маски, средства за дезинфекција и лекови. Европол, исто така, предупреди и за компјутерски криминал, особено затоа што многумина сега работат од дома, со што нивните податоци и мрежи се помалку безбедни.
Европол, исто така, очекува брзо зголемување на измамите.