Во голема акција за сузбивање на трговијата со фалсификувана храна и пијалаци, пронајдено е вино од Италија, Северна Македонија и од Чиле кај пет хрватски производители. Тоа било во шишиња со хрватска етикета.
„Во голема акција на Европол и Интерпол, инспекцијата „ОПСОН 2020“ изврши вкупно 275 инспекции за контрола на етикетирање на вино и силни алкохолни пијалаци, пласирани на пазарот“,
објави Државниот инспекторат на Хрватска.
Како што е наведено, откриено е дека пет контролирани субјекти ја злоупотребуваат употребата на хрватски традиционални термини – „квалитетно вино со контролирано географско потекло“ и „врвно вино со контролирано географско потекло“, на вина кои не се од хрватско потекло, туку потекнуваат од Италија, Северна Македонија и Чиле.