За такви сцени нема место во едно демократско општество, порачува евроамбасадорот повикувајќи на почит и одговорност
По синоќешната ескалација на протестите против францускиот предлог во Скопје, евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, преку социјалните мрежи го осуди насилството врз полицијата и порача дека за такви сцени нема место во едно демократско општество.
„Ги осудувам синоќешните сцени на насилство против полицијата во Скопје, која ги извршуваше своите задачи. За такви сцени нема место во едно демократско општество. Повикувам на воздржаност, почит и одговорност“,
вели Гир.
I condemn last night's scenes of violence in Skopje against police carrying out their duties. They have no place in a democratic society. I call for restraint, respect and accountability.
— EU Ambassador David Geer (@AmbassadorEU) July 6, 2022
На синоќешните протести кои се одржаа пред Владата, Министерството за надворешни работи и Собранието беа повредени 47 полицајци, а од нив 11 потешко, додека двајца со сериозни повреди кои се хоспитализирани на Клиниката за неврохирургија.
*Поврзани вести:
(ФОТО+ВИДЕО) Ескалација на денешниот протест против францускиот предлог
(ВИДЕО) Како изгледа Собранието по синоќешната ескалација на протестите и искршените прозори