Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, го поздрави продолжувањето на консултациите за, како што ги нарекува, „ревидираните предлози“ претставени од француското претседателство со ЕУ на денешниот состанок на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Во обајавата на Твитер, амбасадорот Гир напиша и дека е сосема чисто оти македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дополнителни квалификации.
„Се надевам дека целиот процес ќе биде плоден, зацртувајќи го патот за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија. Чисто е: одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања“,
напиша Гир.
Објавата на евроамбасадорот може да се толкува како одговор на бројните тврдења дека францускиот предлог не нуди чиста формулација за македонскиот јазик.
Hoping that the entire process will be fruitful, paving the way for opening #EU accession negotiations with 🇲🇰. Its clear: the reference to the Macedonian language in the negotiating framework is without qualification. 2/2
— EU Ambassador David Geer (@AmbassadorEU) July 3, 2022
Инаку, по денешната седница на Советот за безбедност, претседателот Пендаровски објави дека за него, модифицираниот француски предлог е прифатлив и дека тој не е ниту историски триумф, ниту историски дебакл.