Тој договор е постигнат на состанокот на Советот за пристапување ЕУ-Украина, на кој присуствуваше и украинскиот премиер Денис Шмигал, а е во рамките на обврските што ЕУ ги презеде пролетта
Европската комисија и Украина во Брисел потпишаа договор за помош од 500 милиони евра што ќе бидат потрошени за домување и образование на раселените, како и за земјоделството на Украина, која е во војна.
Тој договор е постигнат на состанокот на Советот за пристапување ЕУ-Украина, на кој присуствуваше и украинскиот премиер Денис Шмигал, а договорот спаѓа во рамките на обврските што ЕУ ги презеде пролетта.
Тоа е осми состанок на Советот за асоцијација ЕУ-Украина и прв откако земјата во јуни доби статус на кандидат за членство во ЕУ.
Во Брисел, Шмигал разговараше и со потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ, за зајакнувањето на санкциите против Русија и интеграцијата на Украина на енергетскиот пазар на ЕУ.
Украинскиот премиер се залагаше за воведување „целосно енергетско ембарго кон Русија“.
„Извозот на електрична енергија на Украина може да замени значителен обем на увоз на руски гас“,
рече Шмигал, додавајќи дека Украина има најголеми подземни наоѓалишта за складирање гас и може да биде „европски сеф за гас“.