Евопската унија повика на итен прекин на воените активности и безусловно враќање на преговорите меѓу Ерменија и Азербејџан за регионот Нагорно-Карабах.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, нагласи дека последните извештаи од зоната на конфликтот во Нагорно-Карабах се сериозно загрижувачки.
„Воената акција мора да биде запрена итно, со цел да се избегне понатамошна ескалација. Итно и безусловно враќање на преговорите е единствен начин за напред“,
порача Мишел.