ВМРО-ДПМНЕ и во меѓународната и во домашната јавност е позната по бојкот и порази, а истовремено заличува на безопасно маче кое спие во скутот на Мицкоски, вели во интервју за „Независен“ членот на ВМРО-ДПМНЕ и ексамбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров.
„Ако до 2016-та СДСМ повеќе наликуваше на дијагноза, а не на партија, сега улогите се сменија, па слободно ‘атрибутот’ дијагноза може да му се додели на раководството на ВМРО, додека пак СДСМ ја презема улогата на државотворна партија. Ако се сеќавате, своевремено СДСМ беше главен кочничар и блокатор и постојано губеше на избори, е сега таа улога ја има ВМРО на чело со Мицкоски, кој нѐ одведе во шести последователен пораз, таканаречен бојкот. Можеме да забележиме дека доколку во минатото за името на ВМРО биле врзувани зборовите отпор, борба, надеж, победа и успех, сега, за жал, ВМРО и во меѓународната и во домашната јавност е позната по бојкот и порази, а истовремено заличува на безопасно маче кое спие во скутот на Мицкоски. Народот не гледа алтернатива во ВМРО и покрај катастрофалните политики на СДСМ, и тоа упорно ни го кажува шести пат по ред, но нашето раководство упорно продолжува да се инаети со народот. Сепак, најразочарувачки од сѐ е тоа што партиските интелектуалци молчат, со чесни исклучоци, членството е тивко и уплашено, а молчат и пратениците гледајќи како ВМРО се распаѓа за сметка на градењето на еден нов политички субјект во името на Левица“,
вели Есмеров.
Според него, „Маратонците го трчаат почесниот круг“ е моменталната слика во партијата. Тврди дека нивното членство е разочарано, уплашено и немотивирано, но и дека иако партискиот лидер Христијан Мицкоски бара предвремени избори се моли да не ги добие.
„Јас не можам да разберам што бара ниту, пак, некој друг може да го разбере. Бара парламентарни избори, а бојкотира локални избори. Кој може да го разбере овој став? Доколку ВМРО беше подготвена за избори, ќе излезеше на локалните избори во Штип“,
вели Есмеров.
Целото интервју може да го прочитате тука.
