Потрошувачите на природен гас во државата потребно е да се обратат до „ЕСМ продажба“ за понатамошно снабдување за своите потреби од 1.1.2023 година
Топланите „Исток“, „Запад“, „Енергетика“ и „Скопје Север“, како и останатите потрошувачи на природен гас, пред се поголемите производствени и услужни капацитети природен гас за производство на топлинска енергија ќе добиваат од бугарската фирма „Балкан Утилитис“.
„ЕСМ продажба“ денеска го потпиша договор за снабдување со природен гас за производство на топлинска енергија со бугарската фирма.
„Договорот е потпишан со фирмата „Балкан Утилитис“ од Бугарија, за испорака на природен гас за месец јануари по цена од 115,97 евра за мегават-час. Истата фирма даде понуда за снабдување и до 1.5.2023 година, со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец. Досегашниот снабдувач со гас на АД ЕСМ, Макпетрол Пром–Гас, понуди цена од 116,20 евра за мегават-час, која не беше фиксирана, односно е подложна на корекции за јануари. Третиот понудувач A.P.M.P. Хенделс Гес не даде комплетна понуда“,
соопштуваат од „ЕСМ продажба“.
Потрошувачите на природен гас во државата потребно е да се обратат до „ЕСМ продажба“ за понатамошно снабдување за своите потреби од 1.1.2023 година.
„ЕСМ продажба“ на 23 декември објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да ја обезбедат и да испорачаат потребната количина на природен гас. Дополнително била испратена директна покана за понуда до сите активни лиценцирани фирми за трговија и снабдување со природен гас во државата.