Промените, како што нагласуваат од ЕСМ, значат дека одреден број потрошувачи приклучени на „ЕСМ енергетика“ сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија, а не да добиваат парно греење 24 часа
Од ЕСМ велат дека по воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45 отсто
Со промени во системот на греење и воведување стандардизација и воедначување на греењето, ЕСМ ќе обезбедува исти услови за сите 62.000 потрошувачи, деловни објекти и институции.
Промените, како што нагласуваат од ЕСМ, значат дека одреден број потрошувачи приклучени на „ЕСМ енергетика“ сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија. Овие потрошувачи на „Енергетика“ досега добиваа парно греење 24 часа“, наведуваат од ЕСМ.
Оттаму додаваат дека од 1 февруари, од вкупно 4.000 потрошувачи на „Енергетика“, половина се префрлени на мрежата на „ЕСМ снабдување“, додека за другите 2.000 кои остануваат на „Енергетика“ во следниот период ќе се направат технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење, како и останатиот дел од градот.
„По воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат, како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45 отсто“,
се вели во денешното соопштение од АД ЕСМ.
Објаснувањето за промените, што го дава ЕСМ, е тоа што „ЕСМ енергетика“ ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето било испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас.
„Котлите се градени во едно друго време и за друга намена, а тоа било снабдување со технолошка пареа на производните металуршки капацитети во комплексот „Железара“ и од тие причини испораката на топлинска енергија преку нив со овие цени на гасот е неодржлива. Поради старата технологија, овие котли при работењето значително ја загадуваат околината. Доколку се продолжеше со истиот начин на работа, со овие цени на енергенсите, тоа ќе чинеше дополнителни 15 милиони евра од буџетот по грејна сезона. Тоа значи дека или сите граѓани на Република Северна Македонија преку буџетот ќе плаќаат за одреден број потрошувачи да добиваат греење 24 часа, или сметките на сите потрошувачи во Скопје ќе бидат значително повисоки“,
велат од компанијата.
Од АД ЕСМ обајснуваат дека од вкупно 62.000 потрошувачи во Скопје, 57.500 се снабдуваат преку новоформираните фирми „ЕСМ производство“, „Дистрибуција“ и „Снабдување“, односно преку главната градска мрежа која претходно ја оперираше БЕГ. Преку подружницата на „ЕСМ енергетика“ се снабдуваат 4.000 потрошувачи и 500 преку топланата „Скопје Север“, која е исто така управувана од АД ЕСМ преку прокурист и финансирана од АД ЕСМ со буџетски средства.
Од АД ЕСМ нагласуваат дека треба да се има предвид оти ако нема средства од буџетот за поддршка на АД ЕСМ во оваа енергетска криза, може да се случи и воопшто да нема греење, и затоа е потребно рационално користење на ресурсите.