Фактурите за топлинска енергија, како што соопштија од ЕСМ, потрошувачите можат да ги платат без банкарска провизија, електронски на веб-страницата, во делот „Плати сметка” користејќи две веб-услуги
ЕСМ воведе електронски систем за безбедно плаќање на фактурите за топлинска енергија на новата интернет-страница ЕСМ снабдување.
Фактурите за топлинска енергија, како што соопштија од ЕСМ, потрошувачите можат да ги платат без банкарска провизија, електронски на веб-страницата, во делот „Плати сметка” користејќи две веб-услуги.
Првата услуга е „Брзо плаќање“, услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија преку која потрошувачите со едноставно внесување на бројот на фактурата можат да извршат онлајн-плаќање, без претходна најава и регистрација на кориснички профил.
Втората услуга, „EsmEPay“, е услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија со најава и регистрација на кориснички профил за имот или имоти.
„За да може потрошувачите да ги користат услугите за електронско плаќање на фактурите потребно е да ги следат упатствата поставени кај соодветната веб-услуга на веб-страницата на ‘ЕСМ снабдување’ – Упатство за користење на услугата EsmEPay – кориснички профил или Упатство за користење на услугата ‘Брзо плаќање’“,
велат од ЕСМ.