Турскиот претседател не прецизира за каква интервенција станува збор, а претставниците на неговата партија не одговорија за деталите од неговата изјава. Засега нема коментар од Израел
Турција би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците, како што направи некогаш во Либија и во Нагорно Карабах, изјави синоќа турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Мораме да бидеме многу силни за Израел да не може во Палестина да го направи тоа што го прави сега. Како што влеговме во Карабах и во Либија, можеме да направиме нешто слично и таму“,
рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија АКП во црноморскиот град Ризе.
Турскиот претседател не прецизира за каква интервенција станува збор, а претставниците на неговата партија не одговорија за деталите од неговата изјава. Засега нема коментар од Израел.
Во 2020 година Анкара испрати војници и воена опрема во Либија за да ја поддржи либиската влада на национално единство и нејзиниот лидер Абдулхамид ал Дбеибах.
Израелските воени авиони вчера извршија напади против Хезболах во Либан откако претходниот ден израелските власти го обвинија дека Хезболах извршил ракетен напад на Голанската Висорамнина во кој, според последните информации, загинати се 12 лица, меѓу кои и деца, а 19 се повредени.
Од Хезболах ги негираа обвинувањата, а портпаролот на милитантната група Мохамад Афиф рече дека сите обвинувања за вмешаност на нивната група се лажни.
Најмалку 11 лица загинаа во ракетен напад на фудбалско игралиште во северен Израел