Украинскиот оператор на нуклеарни централи, Енергоатом, објави дека руските сили вршат тајни работи во најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје.

Енергоатом објави дека руските сили извршиле тајни градежни работи минатата недела во окупираната нуклеарна централа Запорожје во Украина. Руските офицери кои ја контролираат областа не им дозволуваат пристап до местото каде што се изведуваат работите на украинскиот персонал кој раководи со електраната и на набљудувачите од надзорниот орган на ОН за атомскаа енергија.
Енергоатом објави дека „претпоставува дека Русите подготвуваат терористички акт користејќи нуклеарен материјал и радиоактивен отпад складиран во електраната“ и ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да процени што се случува.